Груевски: Неодамна се објави податокот дека бројот на вработени во Македонија за пет години паднал за над 50.000 лица

gruevski_3453534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неодамна се објави податокот дека бројот на вработени во Македонија за пет години паднал за над 50.000 лица, кога ќе се споредат третиот квартал од 2022 година и третиот квартал од 2017 година, кога актуелната власт само што ја беше превзела власта. Поточно од 743.451 вработено лице бројот паднал на 693.062 лица.
Се сеќавам колку бев горд со податокот што бројот на вработени во Македонија во времето додека ја предводев владата порасна за над 183.000. Во 2006 Македонија вработените лица во Македонија беа околу 560.000 лица. Толку вкупно работеа.







На заминување таа бројка беше веќе околу 743.500 вработени, по сите финасиски, економски, светски, европски и политички кризи зад нас.
Сега веќе тој постигнат ефект од новоотворени работни места во нашиот мандат како влада е намален за околу 30%.

Не ми е сеедно сето ова. Независно колку од ова се должи на затворање бизниси, колку на иселување или било што и да е. 50.000 вработени лица не се малку. Тоа е отприлика колку еден цел град или општина како цел Велес или цел Штип. За само 5 години!!! Тоа е огромна армија на луѓе.
Многу труд вложивме. Новоотворените работни места не ни паднаа од небото. Тоа воопшто не е лесна работа. Да беше лесна, ќе ја направеа и пред нас, или после нас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK