Груевски: Ципрас не информира дека ако Заев и Димитров не го сменеа името, сега ќе не примеле во НАТО под уставното име Република Македонија

gruevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЦИПРАС НЕ ИНФОРМИРА ДЕКА АКО З.ЗАЕВ И Н.ДИМИТРОВ НЕ ГО СМЕНЕА ИМЕТО, СЕГА ЌЕ НЕ ПРИМЕЛЕ ВО НАТО ПОД УСТАВНТО ИМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Многу луѓе говореа дека сме немале друг избор освен да го прифатиме грчкиот предлог за промена на името, историјата и идентитетот. Јас никогаш не мислев така.

Деновиве грчкиот премиер Ципрас во чие време македонската влада предводена од Заев го смени името, идентитетот и историјата под грчки диктат, објави дека сепак не бил единствениот избор да го прифатиме тоа што З.Заев и Н.Димитров ни го сервираа како единствен излез и заради што го направија најголемиот политички прогон во историјата на Република Македонија.


Самиот Ципрас кажа дека ако не ни го смениле името тогаш сега веќе ќе морале да не прифатат во НАТО под тогашното уставно име Република Македонија.
(Видеото во коментари)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK