Скопска апелација го одби барањето за повторување на кривичната постапка поднесено од осудени во случајот познат како “27- ми април”
Не ја знам аргументацијата ниту на подносителите, ниту на Апелациониот суд, ама ги знам следните ноторни факти:
Два од основите за повторување на кривичната постапка се: пресудата да се темели на лажен доказ или лажно сведочење или пак судијата или друго службено лице да сторило кривично дело што влијаело на пресудата. По однос на првиот основ: веројатно е дека на исказот на сведокот со прекар Нинџа се темели пресудата во добар дел, а неговиот исказ како и повластениот третман кон него во судската постапка се во најмала рака сомнителни.
По однос на вториот основ: некои од осудените мене лично, а дел од нив и во јавноста кажуваа за улогата на обвинител кој им нудел да бидат повластени во замена за лажни сведочења со кои би “наместиле” одредени осомничени. Патем, тој обвинител спомнуван од неколкумина осудени дотурка до Државното обвинителство, нормално со лигавење како полжавот од приказната и сигурен сум дека ништо нема да му фали бидејќи нема власт која не преферира безрбетници.
Инаку доволно е да се изгледаат неколку интервјуа на Вилма Русковска во кои таа којзнае во каква вдахновена состојба, практично признава злоупотреби во работата на конкретниот предмет. За Кацарска воопшто да не почнувам!
Меѓутоа да бидам сурово реален: кривично правен прогон на наведените нема да се случи никогаш!
Не заради тоа што за Државен обвинител е поставен човек кој определувал притвори на обвинети во “27-ми април” туку затоа што Мицкоски не може (или посоодветно: не сака!) да ризикува да рехабилитира “терористи” без оглед што нивните судбини и тоа како добро ги валоризира во гласови на изборите.
Сурово ама вистинито: не е битна правдата, никогаш не била!
Битно е да вртат турбините на хидроцентралите и да фрчи кеш!