ВО ШТО Е ПАРАДОКСОТ? Гордана Сиљановска – Давкова, во својство на претседател на државата, во Загреб изјавила дека Македонија се наоѓа во парадоксалана ситуација. Во што била парадоксалната ситуација?
Таа ти била, како што изјавила, во тоа што скоро 70% од граѓаните биле за членство во ЕУ, додека 80% биле против промена на Уставот. Што значи дека само околу 20% се за промена на Уставот, како нужен услов за влез во ЕУ.
Меѓутоа, во ова не гледам никаков парадокс, бидејќи ставот на граѓаните е јасен – „Не во ЕУ по секоја цена!“ Би се работело за парадокс кога ситуацијата би била обратна, кога граѓаните би биле за нешто, макар тоа нешто било и влез во ЕУ, по секоја цена! Ова значи дека граѓаните, и порај сè, го задржале достоинството, гордоста и здравиот разум.