Зидан не е разочаран по дебаклот во Милано


uefa-champions-league-20152016-last-depositphotos_99708406_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зинедин Зидан го доживеа својот прв пораз како селектор на Франција.


Но, и покрај убедливиот пораз од 3:1 на „Сан Сиро“ воо Милано, Зидан не е разочаран.

„Би бил разочаран ако не креиравме шанси“, остро одговори Зизу на медиумските критики.

Зизу детално го анализираше натпреварот во кој неговиот тим поведе во десеттата минута, а потоа доживеа потоп.

„Добро го започнавме натпреварот и бевме добри во поседот на топката, но во второто полувреме имавме проблеми, особено во одбраната. Кога се најдовме во проблеми, не успеавме да реагираме и да останеме во нашиот систем на игра. Ја изгубивме концентрацијата. Дали ни недостасуваше храброст?

Не, токму спротивното. Останавме во играта, работевме добро со топката, особено во првото полувреме, но малку попуштивме во второто, особено по резултатот од 2:1. Тоа е дел од процесот“, рече селекторот на Франција.

Франција и Италија сега се изедначени на првото место во Групата А со по десет бода, додека Белгија има само еден помалку.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK