Оливие Жиру на крајот од сезоната ќе ја заврши одисејата со Милан.
Извонредниот француски напаѓач ќе се пресели во МЛС лигата, во тимот Лос Анџелес ФК, како слободен играч.
Французинот по Европското првенство ќе ја заврши репрезентативната кариера и до пензионирањето ќе се посвети на клупскиот фудбал.
Жиру во својата кариера, покрај Милан, ги носеше и дресовите на Арсенал, Челзи, Монпелје, Тур, Истер и Гренобл. За репрезентацијата одигра 130 натпревари и беше светски првак во Русија во 2018 година.