Латвија го освои петтото место на Светското првенство со убедливата победа над Литванија 98:63.
Летонците кои на Мундобаскетот дојдоа без најголемата ѕвезда Кристапс Порзингис, направија историски резултат. Во првата фаза ја елиминираа Франција, а во втората славеа над Шпанија со што придонесоа „црвената фурија“ да биде елиминирана пред четвртфиналето.
Во четвртфиналето, против Германија имаа шут за победа, но Бертанс не успеа да погоди.
Пресметката на соседите од Балтикот и припадна на репрезентацијата која повеќе ја посакуваше победата. Впечатокот е дека Литванците воопшто не без заинтересирани за оовј натпревар.
Избраниците на Лука Банки на полувремето имаа 11 поени предност (49:38), а сите дилеми околу победникот беа решени во третиот период, кој Летонија го доби со 28:9.
Артурс Куруц го одигра најдобриот меч на првенството и со 20 поени (6/10 за три) беше најефикасен во победничкиот тим, Роланд Шмитс додаде 17, Андрејс Гражулис 12, а одличниот Артурс Жагарс, постигна 4 поени, 6 скока и 17 асистенции (10 во првото полувреме).
Жагарс, кој во пресрет на новата сезона се уште е без клуб, стана апсолутен рекордер на Мундијалите. Претходниот рекорд од 15 асистенции на еден натпревар го држеа Тони Кукоч и Карлис Џонс.
Кај Литванците Рокас Јокубаитис со 16, Јонас Валанчиунас со 15 и Томаш Димса со 13 постигнати поени двоцифрени.
Утре во Манила Соединетите Американски Држави и Канада ќе играат за бронзениот медал од 10 часот и 30 минути, додека мечот за титулата меѓу Србија и Германија ќе стартува во 14 часот и 40 минути.