Синоќа заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата. Познати се тимовите кои влегоа во плеј-офот (Реал, ПАО, Монако, Барселона, Олимпијакос, Фенербахче) и оние кои ќе играат плеј-ин (Макаби, Басконија, Ефес, Виртус).
Пред почетокот на плеј-офот, познати се две сигурни двојки: Монако-Фенербахче и Барселона-Олимпијакос.
Во плеј-ин Макаби ќе ја пречека Басконија, победникот од овој натпревар ќе биде седми и ќе игра во плеј-офот против Панатинаикос.
Победникот од Ефес и Виртус ќе играат за осмото место против поразениот од дуелот Макаби-Басконија. На крајот победникот за противник ќе го има Реал Мадрид.
Плеј-ин дуелите се закажани за 16. и 19.април.
Четвртфиналните серии ќе се играат за три победи, од 23 април до 8 мај, а фајналфорот ќе се одржи од 24. до 26. мај во „Мерцедес Бенц Арената“ во Берлин.