(Видео) Јокиќ трагичар, Денвер загуби во Сан Антонио – Нагетс паднаа на третото место на Западот

USATSI_23010369.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаја шоканте пораз во Сан Антонио 121:120 со што назадуваа на третото место во поредокот на Западот. Поразот на актуелните шампиони го искористија Оклахома и Минесота, кои сега се наоѓаат на позициит еден и два.

Денвер не успеа да победи во Сан Антонио и покрај тоа што во еден момент имаше предност од 23 поени, а во последниот период влезе со предност од 13 поени. Спарс мечот го добија во последните три минути со серија 11:2.

Трагичар кај Денвер е Никола Јокиќ кој го промаши последниот шут, а потоа Девонте Грахам на 0,9 секунди погоди за победа на Сан Антонио.

Џамал Мареј го предводеше Денвер со 35 поени, Јокиќ забележа 22 поени и 12 скокови.

Виктор Вембањама беше најдобар поединец во победничкиот тим со 34 поени, 12 скока и пет асистенции, а го следеше Сандро Мамукелашвили со 21 поен и 12 скока.

Во последното коло од регуларниот дел од сезоната во НБА, Денвер во недела навечер ќе му гостува на тимот на Мемфис, Минесота ќе го пречека Феникс, а Оклахома ќе игра против Далас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK