Фенербахче води голема битка со Галатасарај за титулата во првенството на Турција, во таа борба секој бод е од големо значење. Поради тоа во жолто-синиот табор сериозно се загрижени по нерешениот резултат на домашен терен со Алањаспор (2:2).
За разлика од Фенербахче, Галатасарај, рутински славеше против Башакшехир (2:0) и се искачи на врвот на табелата, сега со два бода повеќе од најголемиот ривал.
Неколку турски медиуми тврдат дека постојт пролеми цо соблекувалната на Фенербахче, кои се поврзани со несугласувањата меѓу тренерот Исмаил Картал и еден од најдобрите играчи Един Џеко. Наводно „Балканскиот клан“, на чие чело е Џеко, го има главниот збор.
Секако, Фенербахче, а тоа го направи и самиот Џеко ги негираа овие наводи, но „ФотоСпорт“, отиде чекор понатаму.
Овој портал тврди дека Картал е вознемирен поради статусот на Џеко во клубот, со акцент дека искусниот напаѓач ја води клупската трансфер политика. Како што пишува „ФотоСпорт“, Фенербахче од стартот на сезоната се засилил со 15 играчи, шестмина од нив во клубот дошле по барање на Џеко.
Станува збор за Доминик Ливаковиќ, Раде Круниќ, Џенгиз Ундер, Леонардо Бонучи, Душан Тадиќ и Сердар Дурсун. Наводно тренерот овие играчи не ги сакал во клубот.
Негови засилувања се Шимански, Кагларо, Фред, Бесаоа, Мулдура, Кент, Џику и Наџир.
„ФотоСпорт“, наведува дека Картал сакал да ги донесе Круниќ и Бонучи во јануари, но во основа никој ништо не го прашал, а токму Џеко ги предложил овие двајца играчи.
Џеко им посакал добредојде на Круниќ и Бонучи по пристигнувањето во Истанбул. На тренерот му пречело што Џеко се однесувал како да е спортски директор или претседател на клубот.
Прашање е како клубот ќе се однесува ако и 11. година по ред остане без титулата.
Инаку, Џеко сезоната има учинок од 21 гол и седум асистенции.