Влезниците за гостувањето на македонските фудбалери на „Олд Трафорд“ од среда во продажба

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Билетите за гостински навивачи за дуелот на македонската фудбалска репрезентација против Англија на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер, во рамки на квалификациите за ЕУРО 2024, ќе бидат пуштени во продажба на 10 мај, соопштено е денеска.







Билетите за македонските навивачи ќе се продаваат по цена од 30 и 40 фунти, а влезниците ќе можат да се купат директно од Фудбалската федерација на Англија (https://www.wembleystadium.com/events/2023/ticket-office/England-v-North-Macedonia—Away-Supporters.

Билети за лица со попреченост ќе може да се нарачаат на следниот телефонски број: 0800 093 0824.

На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот, информираше Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK