Вулверхемптон и Њукасл ремизираа 2:2, во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата.
Одличен натпревар, по лоши временски услови, одиграа фудбалерите на двата тима на „Молиноу“. Њукалс два пати водеше, но не успеа да го освои целиот прен.
Сепак, освоениот бод за Вулверхемптон мина во сенка на повредата на најдобриот играч на домашната екипа. Педро Нето во 77. минута се фати за задната ложа и на носилки беше изнесен од стадионот. Се чини дека го очекува подолга пауза.
Во првото полувреме во центарот на вниманието беше Калум Вилсон. Прво погоди во 22. минута, а потоа и во 45+4. од пенал.
Помеѓу тие два гола, Волвс израмнија кога Лемина го искористи одличното додавање на Нето. Јужнокорејецот Хванг на најдобар можен начин ја надополни својата грешка во финишот на првото полувреме, во 71. минута по вторпат израмни, а се покажа и дека го постави конечниот резултат.