(Видео) Тинејџерот Ендрик погоди за победа на Бразил во 97.минута

brazil_4234243
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во Тексас, пред 85.000 навивачи на Кајл Филд во Колеџ Стејшн, Бразил го победи Мексико со 3:2.

 

Бразил поведе со головите на Андреас Переира во 5. минута и Габриел Мартинели во 54. минута. Мексико намали преку Хулијан Кинонес во 73. минута, а во втората минута од судиското надополнување, Гиљермо Мартинез погоди за 2:2. Се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, но тогаш на сцена стапи тинејџерската сензација Ендирк.

Во 97. минута Винисиус нафрли пред голот, а 17-годишниот Ендрик, кој влезе во игра половина час претхдно, со шут со глава погоди во аголот. Ендрик на тој начин постигна гол на трет меч по ред за Бразил. Вкупно пет пати играше за Селесао и постигна три гола.

Да потсетиме, Ендрик летово ќе наполни 18 години и ќе му се приклучи на Реал Мадрид, кој веќе го обезбеди својот потпис со отштета од 65 милиони евра на актуелниот бразилски шампион Палмеирас.

Натпреварот во Тексас беше прекина во 55. минута поради хомофобични извици на навивачите упатени кон бразилскиот голман Алисон, но продолжи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK