Ѕвездата на Полска ќе го пропушти ЕУРО 2024

Untitled-1-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полска скапо ја плати победата над Украина (3:1) во генералната проба пред почетокот на Европското првенство. Полјаците во Германија ќе патуваат без искусниот напаѓач Аркадијуш Милик.

Фудбалерот на Јувентус, се повреди во втората минута, теренот го напушти со помош на лекарскиот тим. По натпреварот, Фудбалскиот сојуз на Полска потврди дека поради повреда на коленото Милик нема да биде дел од тимот на ЕУРО 2024.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK