Новак Ѓоковиќ води голема битка во второто коло на Австралија опен каде жестоко се бори со Алексеј Попирин кој му одзеде сет.
Во четвртиот сет, кога резултатот беше 2:2, дојде до расправии со некој од публиката.
Не беше јасно што точно се случило, но Новак му пријде на некого од трибините. Тој отиде речиси до крајот на теренот каде што почнуваат трибините и повика некого од публиката да се симне кај него.
„Слези и кажи ми го в лице, му рече Новак на навивачот“, а тоа го сними и камерата за време на преносот.