Фудбалерите на Манчестер Сити победија против Барнли и го престигнаа Арсенал на табелата. Манчестер Сити го победи Барнли,а „уфт Мур“ со 1:0.
Манчестер Сити со овоаа победа се искачи на челната позиција на табелата, пет кола пред крајот, пред Арсенал, кого го победија во судир минатата недела, и кој беше прв практично цела сезона.
Сити и Арсенал имаат по 70 бода со исти одиграни натпревари и иста гол-разлика од +37, но тимот од Манчестер постигна повеќе голови (66:29, 63:26) и има подобар меѓусебен скор (2:1, 1:1).
Екипата на Пеп Гвардиола покажа шампионски карактер и го затвори натпреварот во петтата минута, кога поведе.
Џереми Доку извлече контранапад, му даде пас во простор на незапирливиот Ерлинг Халанд, кој ја повлече топката во шеснаесетникот и рутински го совлада Дубравка.
City lead Burnley through Haaland chip at the 5th minute pic.twitter.com/orBwPuzc9z
— UtdDave (@DaveeUTD) April 22, 2026
До крајот на натпреварот, Сити беше подобар ривал, можеше да постигне барем уште еден гол – а тоа се гледа и од 28-те шутеви, од кои 11 беа во рамките на голот.
Барнли со овој пораз дефинитивно испадна од Премиер лигата. На четири кола до крајот Барнли имаа 13 бода помалку од зоната која носи опстанок. Покрај Барнли од лигата веќе испадна и Вулверхмептон.