(Видео) Симеоне: Лука, дојди да играш за нас

Видео-Симеоне-Лука-дојди-да-играш-за-нас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Мадрилењо дербито, во неделата, го одиграа Реал и Атлетико. Натпреварот заврши без победник 1:1. Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ играше за Реал од 76. минута, а камерите уловија интересен момент кога тој се подготвуваше да влезе на теренот.

Познато е дека Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната и дека нема да го продолжи. Прашање е дали ќе ја продолжи кариерата или ќе замине во пензија.

На 38-годишна возраст, Модриќ сè уште ја работи својата работа во Реал, гигантот во кој се приклучи во 2012 година и каде што се здоби со статус на икона со повеќе од 500 одиграни натпревари за клубот и 24 титули.

Речиси е незамисливо еден ден Модриќ да се пресели од Реал во Атлетико, но токму таква покана со насмевка доби од Диего Симеоне во последното дерби.

Аргентинскиот стручњак го искористи моментот кога Модриќ требаше да влезе во игра.

„Лука! Лука! Дојди играј за нас“, му викна Симеоне.

Откако ја слушна поканата од тренерот на Атлетико, Модриќ ја крена главата, а коментарот на Чоло го испрати со насмевка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK