(Видео) Шок во Зеница – Украина за три минути ја елиминира БиХ

12112634.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина, Грција, Грузија, Исланд, Полска и Велс ги задржаа шансите за пласман на Европското првенство во Германија.


Сите со исклучок на Украина лесно ги минаа своите противници. Украинците во Зеница ја победија Босна и Херцеговите со головите во 85. и 88.минута.

Избраниците на Саво Милошевиќ водеа против Украина од 57. минута со автоголот на Микола Матвиенко, но во самиот финиш, во рок од три минути, беа жестоко казнети.

Најпрво Роман Јаремчук го израмни резултатот во 85. минута, а потоа голема радост на гостите од Украина им донесе Артем Довбик со голот во 88. минута.

Во финалето од плеј-офот Украина ќе игра против Исланд, кој по пресврт победи со 4:1 против Израел кој беше домаќин во Унгарија.

Домашните поведоа преку Захави во 31. минута од пенал, но до одморот Исланд одговори преку Гудмундсон во 39. минута и Траустасон во 42. минута.

Гудмундсон го комплетираше хет-трикот со головите во 83. и 87. минута од натпреварот. Захави при резултат 1:2 промаши пенал.

Велс и Полска убедливо ги совладаа своите противници и се изборија за меѓусебен дуел. Велс ја победи Финска со 4:1, а Полска со 5:1 ја победи Естонија.

Грците одиграа фуриозно прво полувреме против Казахстан. Во првиот дел постигнаа четири гола, на крајот славеа со 5:0. Грција во финалето ќе игра во Тбилиси против Грузија која го победи Луксембург со 2:0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK