Foto/ EPA
Натпреварите во Б групата го отворија последното коло, во фазата по групи, во Лигата на шампионите. ПСВ и Арсенал одиграа 1:1, додека Севилја ја заврши европската авантура за оваа сезона, откако загуби во Ланс со 2.1.
Арсенал го освои првото место на табелата во Б групата, ПСВ се втори, а во Лига Европа ќе продолжи Ланс.
Севилја со победа во Ленс имаше можност да стигне до третото место и да остане во Лига Европа, на крајот не успаја ниту да го избегне поразот.
Ланс поведе со голот на Франковски од пенал во 62.минута. 15 минути подоцна пенал доби и Севилја, а израмни Серхио Рамос од вториот обид.
На крајот кога Севилја тргна во целосна офанзива, па Фулџини од контранапад ги постави конечните 2:1.
Вториот натпревар немаше резултатско значење, бидејќи беше јасно дека Арсенал ќе биде прв во групата, а ПСВ втор.
Очекувано, Микел Артета излезе со комбиниран тим. гостите поведоа во 42. минута кога Нкетиа ја искористи асистенцијата на Нелсон. Домашните изедначија во 50.минута преку Вертесен.