Саутемптон експресно се врати во Премиер лигата. Во финалето на плеј-офот на „Вембли“, пред повеќе од 85.000 гледачи, Саутемптон го победи Лидс јунајтед со 1:0 (1:0).
Натпреварот „вреден“ 178.000.000 фунти, беше извореден и на трибините и на теренот.
Саутемптон натпревар го доби со голот на Адам Амстронг во 24.минута. За напаѓачот на „светците“ ова беша 24. гол оваа сезона.
Тимот предводен од клупата на Шкотланѓанецот Расел Мартин реши иницијативата и поседот да му ги препушти на Лидс и шансите да ги бара преку контранападите. А „Светците“ се бранеа доста добро и организирано.
Предноста можеа да ја зголемат во 68. минута, но Ендози од 15 метри шутираше над голот на Лидс.
Лидс имаше фантастична можност за израмнување во 84. минута, кога Даниел Џејмс шутираше силно од повеќе од 20 метри, Саутемптон тогаш имаше голема среќа, топката од гредата се одби во поле.
Да потсетиме, минатата сезона од Премиер лигата испаднаа Лидс и Саутемптон, заедно со Лестер. „Лисиците“ се вратија во елитата како првопласирана екипа на Чемпионшип, покрај нив директен пласман избори Ипсвич, а Саутемптон преку плеј-офот. Од Премиер лигата испаднаа Лутон, Барнли и Шефилд јунајтед.