(Видео) Ристовски се качи на трибината и предизвика делириум кај Бед Блу Бојс

268bd752-d195-4bed-8d74-d0136116ded9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Динамо во Сплит го победи Хајдук со 1:0 во големото дерби од 28. коло на хрватскиот шампионат.

Голот за победа го постигна капитенот на „модрите“, Бруно Петковиќ во 38. минута. Со оваа победа Динамо го скокна Хајдук на табелата, има пет бода помалку од Риека со натпревар помалку.

Фудбалерите на Динамо со навивачите ја прославија победата.

Највпечатливиот потег го направи Стефан Ристовски, кој се качи на оградата на трибината каде што беа Бед Блу Бојс и го предводеше навивањето. Навивачите го пречекаа со ентузијазам. Потоа сите играчи се собраа пред трибината и заедно ја прославија победата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK