Изминатата ноќ во НБА беше одбележана со церемонија во арената на Сан Антонио Спарс. Тони Паркер влезе во Куќата на славните на клубот.
Сепак, изборот на песната што одеше додека Паркер се подготвуваше да ги добие почестите не беше најсреќен.
Рефренот на песната, во изведба на францускиот рапер Градур, гласи „не се враќај, не се враќај, земи си ги работите, оди си дома“.
Изборот на оваа песна не го навреди Паркер, но секако беше непримерен за ваков тип на церемонија истакнаа многу корисници на социјалните мрежи.
Овој мал гаф сепак не фрли сенка на големата вечер на Французинот и актуелен сопственик Асвел.
„Беше убаво да го прославиме приемот во Куќата на славните во август, но уште поубаво е да го направам тоа овде со вас. Бев носталгичен во последено време, убаво е што се потсетив на сите тие моменти, а вие сте најдобрите навивачи на светот Ви благодарам за поддршката. Вие ме прифативте. Сан Антонио е мојот дом и секогаш ќе биде. Ви благодарам од се срце“, емотивно им се обрати Паркер на навивачите пред натпреварот помеѓу Спарс и Њу Орлеанс.
Паркер беше четирикратен шампион во НБА со Сан Антонио.
Во Сан Антонио играше 17 години, до 2018 година.
Après les Dallas Mavericks et “Premier Gaou” de Magic System pour Dirk Nowitzki, on a le droit à du Gradur et Heuss l’Enfoiré avrc “Ne reviens pas” pour rendre hommage à Tony Parker … 💀💀💀pic.twitter.com/mIhKQwoyBD
— 🇫🇷 Dylan Veerasamy 🇲🇺 (@DylanVeerasamy) December 17, 2023