(Видео) Навивачите на Лацио пееја фашистички песни во центарот на Минхен

navivaci-lacio.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лацио го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.


Навивачите на тимот од Рим очекувано го окупираа Минхен, особено и поради резултатот, бидејќи Лацио има предност од 1:0, која ја донесе од Италија, но Баерн и понатаму е голем фаворит за пласман во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Главното место за средба на навивачите на Лацио беше сега познатата пивница во Минхен, Хофбрау, каде што обично се собираат навивачите на противничките тимови кога нивниот тим игра против Баерн, без разлика дали се работи за фудбал или кошарка.

Оваа пивница стана позната затоа што таму Адолф Хитлер држеше говори кои беа основа за создавање на нацистичка Германија.

Навивачите на Лацио инаку се познати по нивната десничарска ориентација, каде се велича Бенито Мусолини и неговото фашистичко движење.

По тој повод, жестоките поддржувачи на клубот од Рим во споменатата пивница пееја песна во која го величеа Мусолини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK