Намалена казната на Халеп, тенисерката доби деветмесечна суспензија

elena-rybakina-celebrates-victory-champion-simona-halep-wimbledon-semi-final-afp.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Романската тенисерка Симона Халеп доби деветмесечна суспензија од страна на Судот за спортска арбитража.

Таа казна ја заменува првобитната четиригодишна забрана за допинг што и ја изрече Меѓународната агенција за интегритет во тенис во септември минатата година, што значи дека сега може да се натпреварува.

Халеп беше позитивна на забранетата супстанција роксадустат за време на УС Опен во 2022 година. Оваа супстанца го стимулира создавањето на црвените крвни зрнца.

Романската тенисерка беше обвинета за второ прекршување на допинг во мај минатата година поради неправилности во биолошкиот пасош.

Халеп потоа ги негираше неправилностите и изјави дека планира да ја расчисти дамката од нејзиното име пред Судот во Лозана.

Романката (32) во кариерата освои 24 титули во сингл, вклучувајќи и два Грен слем.

Во 2018 година победи на Ролан Гарос, а во 2019 година триумфираше на Вимблдон.

Во текот на 2017 и 2018 година романската тенисерка помина 64 недели на врвот на ВТА листата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK