(Видео) Мердинк ја реши Србија во Белград


screenshot-2026-09-27-201039.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Србија го забележа вториот пораз, во Групата 2, во А дивизијата во Лигата на нации. Србите на домашен терен загубија од Холандија 1:2 (0:1). По две рунди Србиа има два порази, двата на домашен терен, а по се изгледа ќе останат на нула и по следните две средби бидејќи ќе гостуваат во Германија и во Холандија.


Интересен меч со многу панси и само три гола, одиграа Србија и Холандија во Белград. На крајот заслужена победа на „лалињата“, прва во мандатот на новиот селектор, Чави.

Холандија ја имаше повеќе топка во своите нозе од самиот почеток и го контролираше ритамот на играта. Србија најмногу се потпираше на обиди за транзиција, додека гостите трпеливо ги градеа своите напади.

Одбраната на Србија капитулираше по половина час игра.

Во 30-та минута беше досуден пенал за Холандија, а Мердинк ја презеде одговорноста. Напаѓачот кој во првото коло дебитираше за Холандија сигурно го изведе пеналот.

Холанѓаните имаа нова голема шанса во 38-та минута. Мердинк одигра брилијантно за Дамфрис, кој излезе практично сам пред Вања Милинковиќ-Савиќ, но српскиот голман беше поуспешен.

До крајот на првото полувреме, Холандија беше поконкретна и на полувреме отиде со минимално водство.

Српскиот селектор Вељко Пауновиќ направи двојна замена на полувремето. Лука Јовиќ и Душан Тадиќ влегоа во игра, додека Дејан Јовељиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ останаа на клупата.

Промените експресно дадоа резултат.

Веќе во 46-та минута, Србија израмни. По неколку обиди на домашната екипа во шеснаесетникот на Холандија, топката стигна до Саша Лукиќ, кој се обиде да упати удар, но неговиот контакт всушност послужи како идеална асистенција за Јовиќ. Српскиот напаѓач ја чекаше можноста и ја смести топката во мрежата за 1:1.

Во 53-та минута, Ван Бомел шутираше од првата по центаршут од десно и ја погоди надворешната страна од стативата.

Холандија продолжи да притиска.

Во 69-та минута, Мердинк повторно постигна гол. Холандскиот напаѓач ја прими топката во шеснаесетникот и со прецизен удар ја испрати во долниот агол, со што повторно им донесе водство на гостите. Да крајот, Србија се обиде да најде начин да израмни, но не успеа.

Foto/ Starsport

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK