(Видео) Лудница на „Месталја“, ВАР го спаси Реал од пораз, судијата Манзано му ја одзеде победата

12070425.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Валенсија и Реал Мадрид одиграа нестварен натпревар на „Месталја“, кој на крајот го обележа судијата Хесус Хил Манзано.

Валенсија, храбро му се спротивстави на фаворитот, доминираше во првиот дел и за таквиот пристап беше наградена со два гола. Во интервал од 185 секунди Уго Дуро и Роман Јаремнчук го совладаа Андриј Лунин.

Реал до здив дојде дури во финишот на полувреме и во петта минута од надополнувањето на времето, Винисису успеа да го намали резултатот.

Очекувано Реал нападна во второто полувреме, Мамрдашвили брилијантно го одбрани ударот на Белингем, а една минута подцна иста таква интервенција имаше Лунин по обидот на Дуро. Сепак одбраната на Валенсија капитулираше во 76.минута кога Винисиус успеа да изедначи.

Драмата на „Месталја“ кулминираше во последните десет минути. Во претпоследната миута тешко се повреди Дијакаби. Играчот на Валенсија на носилки беше изнесен од теренот.

Манзано во 92.минта досуди пенал за Валенсија, но го поништи откако ја прегледа снимката. Потоа во 94. и 95.минута младиот Питер Гонзалес, инаку играч на реал на позајмица во Валенсија, не успеа да го совлада Лунин.

И за крај, припоследниот напд на Реал, во 98.минута, кога Брахим Дијас зе подготвуваше да нафрли, Манзано во тој момент означи крај, но никој не го слушна. Цнтаршутот во гол го претвори Белингем.

Дури тогаш на сите има стана јасно дека голот нема да важи. Играчите на реал бурно протестираа, Белингем поради протестите доби црвен картон, настана мешаница на теренот, на крајот Манзано си остана на својата одлука и мечот заврши 2.2.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK