Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Лутон со 4:1 (0:1) во натпреварот од 26. коло на Премиер лигата и останаа на врвот на табелата пред преостанатите натпревари од оваа рунда.
Тимот на Јирген Клоп повторно има четири бода повеќе од Манчестер сити.
„Црвените“ порано го одиграа натпреварот од ова коло поради финалето на Лига купот што ги очекува в недела против Челзи.
Првиот дел, неочекувано заврши со водство на Лутон. Стрелец беше Огбене во 12.минута.
Во вториот дел Ливерпул го прегази својот противник. Стрелци еа Вирџил Ван Дијк во 56. минута, Коди Гакпо во 58., Луис Дијаз во 71. и Харви Елиот во 89. минута.
Аргентинецот Алексис Мекалистер запиша две асистенции.