Кошаркарите на Кливленд го победија Детроит со 125:94 и се пласираа во финалето на Источната конференција.
Кливленд за титулата на Истокот и пласман во големото финале ќе игра против Њујорк, кој претходно ја нокаутира Филаделфија со 4:0.
Донован Мичел се истакна на паркетот и покажа дека не е случајно лидер на овој тим. Од друга страна, кај домашниот тим, кога беше најпотребно, Кејд Канингем беше целосно надвор од игра, што исто така влијаеше на резултатот.
За Кавалирс, ова ќе биде прво финале на конференцијата по осум години и сезоната 2017/18, последно за Леброн Џејмс во Охајо. Тогаш Кливленд беше подобар од Бостон со 4-3, но потоа беше поразен од Голден Стејт во финалето со 0-4.
Најефикасен играч во победничкиот тим беше Мичел со 26 поени, а вистинско изненадување беше Сем Мерил со 23 поени. Ист број на поени постигна Џарет Ален , а Еван Мобли имаше дабл-дабл учинок со 21 поен и 12 скока.
Кај Детроит, Џенкинс се истакна со 17 поени, Канингем имаше 13, како и Робинсон.