(Видео) Кармата го стигна себичниот Хоселу

Видео-Кармата-го-стигна-себичниот-Хоселу.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал во саботата ја декласира Џирона со 4:0 и се издвои на челната позиција на табелата со 55 поени, пет повеќе од клубот од Каталонија.


Покрај импресивната партија на Винисису Жуниор, камерите во самиот финиш „уловија“ една интеренсна ситуација, за која многумина велат дека „кармата е чудо“.

Во судиското надополнување, пенал избори Арда Гулер, тинејџерот (18) кој е миленик на постарите играчи на Реал. Топката веднаш ја зеде Хоселу за да го изведе пеналот бидејќи според хиерархијата тој е прв избор за тоа, а потоа следуваат Винисиус и Модриќ.

Сепак, младиот Турчин побара од 15-годиини постариот Шпанец да му го препушти пеналот. Но, Хоселу одмавна со главата. Потоа и Аурелиен Чоамени притрча до него и го молеше да му дозволи на Гулер да го изведе пеналот.

ДАЗН тврди дека на нивнотоо видео се гледа како Карло Анчелоти станува од клупата и преку капитенот Дани Карвахал бара од Хоселу да му дозволи на Гулер да го шутира пеналот.

Хоселу и овој пат не се предаде и цврсто ја стисна топката, а потоа ја стави на белата точка. На крајот не успеа да постигне гол, неговиот удар заврши во стативата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK