Елмас: За сите нас од Балканот Модриќ е број 1

Елмас-За-сите-нас-од-Балканот-Модриќ-е-број-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Елиф Елмас (24), играчот од средниот ред на Лајпциг и на македонската репрезентација, го најави вечерашниот прв осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Реал.

На шпанските новинари им откри дека омилен играч на Реал му е Лука Модриќ.

„Слушајте, јас сум од Балканот и може да има само еден избор, а тоа е од срце: Лука Модриќ. Се што направи со Реал и Хрватска е неверојатно. Ја освои Златната топка. Не велам дека во Реал нема уште многу врвни играчи, но мене омилен ми е Лука. Знаете, тој е многу посебен за сите нас Балканците. За мене тој е број 1 на просторите на поранешна Југославија. Секако дека го имам неговиот дрес.”

Елмас во Лајпциг пристигна од Наполи во зимскиот преоден за обесштетување од 23 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK