Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Тотенхем одиграа 2:2 на „Олд Трафорд“, во дербито на 21. коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ водеа двапати, со головите на Расмус Хојлунд и Маркус Рашфорд, но Тотенхем се враќаше во мечот преку преку Ришарлисон и Родриго Бентанкур.
По овој натпревар Тотенхем е петти со 40 поени, Јунајтед има осум бода помалку на осмото место.