(Видео) Јовиќ во 95.минута ја спаси Србија од пораз

12313978.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Србија и Словенија ремизираа 1:1 (0:0) во првиот меч од втората рунда во Ц група. Србија од пораз и елиминација од турнирот ја спаси Лука Јовиќ со голот шт го постигна во 95.минута.


Голема борба водеа Србите и Словенците на теренот на „Алијанц Арена“. Првото полувреме мина во тактичка борба, никој не сакаше да преземе ризик и да нападне.

Во 37.минута, Словенија ја имаше најдобрата шаса, Елшник ја пгооди стативата, а потоа Шешко од добра позиција не успеа да погоди.

Вториот дел и припадна на фудбалерите на Србија, кои силно го притиснаа противникот, јо Митровиќ не успеа да погоди од две добри шанси.

И потоа шок за Србија. Десниот бек Карвичник одзеде топка пред својот гол, повлече во контра, ја префрли топката на спротивната страна до Елшник кој нафрли на втората статива каде Карвичник постигна гол.

Две минути по голот на Словенија, Митровиќ ја погоди гредата.

До крајот Србија притискаше, но не успеа да му наштети на Облак се до последните секунди, кога по корнерот на Илиќ, Јовиќ успеа да ја смести топката во мрежата.

Словенија со овој пораз ги компромитира своите шанси за пласман во осминафиналето. Во последното коло Словенците ќе игараат против Англија, а Србија за противник ќе ја има Данска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK