Помошник тренерот на Германија, по поразот „влегол“ во просториите на судијата Тејлор

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Помошникот на селекторот на Германија, Сандро Вагнер, 15 минути по поразот од Шпанија во четврт-финалето на Европското првенство упаднал во судиската канцеларија со цел да протестира и да го навреди англискиот судија Ентони Тејлор, пишува германски весник „Билд“.

Натпреварот од првата четвртфинална двојка на ЕП меѓу домаќинот Германија и Шпанија одигран во Штутгарт го одбележаа не само добриот фудбал, победничкиот гол на Мерино во 119. минута за 2:1, туку и контроверзната одлука на главниот судија Ентони Тејлор да не свири пенал за Германија откако топката го погоди дефанзивецот на „црвената фурија“

Елиминацијата тешко и падна на германската јавност и како главен виновник е именуван Ентони Тејлор.

Германски весник „Билд“ по натпреварот пишува детали зад сцената на „Штутгарт Арена“.

Помошникот на тренерот на германскиот тим, Сандро Вагнер, влета во судиската соба за да протестира и да го навреди Тејлор. Во исто време во соблекувалната долго време владееше молк. Исклучок беше говорот на Џошуа Кимич и Тони Крос, кој со овој дуел ја заврши играчката кариера.

Неполн час по конфликтот, Тејлор или „судијата за скандал“, како што го нарекува „Билд“, набрзина го напушти стадионот со црн „мерцедес“, без да разговара со новинарите.

Весникот пишува дека германскиот репрезентативец Емре Џан бил првиот играч кој си заминал.

Набргу потоа, Џулијан Нагелсман се качи во тимскиот автобус.

Половина час подоцна заминуваат и последните германски репрезентативци оставајќи зад себе вистински хаос.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK