Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар, откако го „преспа’ првото полувреме, тој ги предводеше Денвер Нагетс до победа од 133:124 над Хјустон Рокетс.
Трократниот МВП постигна само два поени во првите 24 минути. Сепак, во вториот дел, се распука и со вкупно 26 (18 во третата четвртина) ги предводеше Нагетс до победа. Тимот од Колорадо сега има резултат 9-5.
Натпреварот во Денвер беше решен во последните пет минути, во кои Хјустон влезе со плус пет – 115:110. Следеше серија од 23:9 на Денвер во која Јокиќ запиша 6 поени, 4 асистенции и 3 скока за голема победа. Србинот го заврши натпреварот со 26 поени, 7 скока и 11 асистенции.
По него следуваа Кам Џонсон и Кристијан Браун со по 19, Арон Гордон со 18, Демаркус ДеРозан со 15 и Џамал Мареј со 14 поени и 7 асистенции.
Турчинот Алперен Шенгун блескаше во редовите на Хјустон, го забележа вториот трипл дабл во сезоната, со 28 поени, 11 скока и 10 асистенции, додека Ван Флит броеше до 25.
Натпреварот се играше во рамките на НБА Купот, па Денвер сега има резултат од 2:0, додека Хјустон е на 1:2.
Резултати:
Атланта – Шарлот 111:97
/Џонсон 26 – Диабате 21/
Детроит – Торонто 102:105
/Канингем 23 – Барнс 29/
Кливленд – Индијана 128:119
/Харден 51 – Зубац и Сиакам по 21/
Бруклин – Орландо 111:113
/Рендл 27 – Вагнер 35/
Оклахома – Њу Орлеанс 126:120
/Гилџис Александер 40 – Вилијамсон и Фирс 22/
Чикаго – Вашингтон 94:98
/Пауел 16 – Дејвис 36/
Јута – Феникс 101:111
/Питерсон 20, Букер 23/
ЛА Лејкерс – Сакраменто 106:104
/ Дончиќ 25 – Хантер 30/.