(Видео) Хаос во дербито, играчите на Црвена звезда го напуштија теренот, натпреварот ќе продолжи утре

Untitled-1-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вториот натпрвар, од финалната серија меѓу Партизан и Црвена звезда, во Кошаркарскиот шампионат на Србија е прекинат во 23.минута при водство на Партизан 57:45.

Според информациите од српските медиуми, кои се уште се неофицијални, натпреварот ќе биде продолжен утре без присутво на навивачите на Партизан.

Во текот на целиот натпревар навивачите на Партизан пееја навредливи песни за сопругите на Милош Теодосиќ и Немања Недовиќ, а потоа и за претседателот на Црвена звезда, Небојша Човиќ и неговата сопруга, а неколку пати го навредуваа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Црвена звезда реши да го напушти теренот кога од трибините беа фрлени разни предмети кон клупата на црвено-белите.

По краткиот разговор кај записничката маса, теренот го напуштија и судииите. Додека тие одеа кон соблекувалната неколку, поради што Николиќ, Јурас и Чалиќ со трчање го напуштија теренот.

Нешто подцна од Црвена звезда побараа арената да биде испразнета за да продолжи натпреварот, додека пак од Партизан стигна одговор дека тие нема да играат без своите навивачи.

Инаку, наелектризирана беше атмосферата уште пред почетокот на натпреварот кога Алексеј Бјелогрлиќ, синот на познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, го прочита прогласот на „грибарите“ посветен на борбата за смена на актуелното раководство на Фудбалскиот клуб Партизан, што наиде на одобрување кај публиката. Потоа имаше навреди упатени кон генералниот директор на фудбалската секција Милош Вазура и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK