Фудбалерите на Манчестер сити на домашен терен го совладаа тимот на Евертон со 2:0 во 24. коло од англиската Премиер лига.
Избраниците на Пеп Гвардиола потешко од очекувањата стигнаа до триумфот бидејќи „карамелите“ пружија многу силен отпор. Дуелот го реши Ерлинг Халанд, кој постигна два гола по речиси два и пол месеци и подолга повреда.
Домашните поведоа во 71. минута кога по корнерот на Алварез, Халанд добро реагираше и го совлада Пикфорд.
Инаку за корнерот долго ќе се зборува. Снимките покажаа дека Сити не требаше да добие удар од аголот, но во вакви ситуацијаа ВАР не може да интервенира.
Во 85. минута проработи врската помеѓу Де Брујне и Халанд, Норвежанецот ја прими топката и со рутински ја заврши акцијата.
Со овој триумф, Сити повторно стана лидер во Премиер лигата со 52 бода, два повеќе од Ливерпул, додека Евертон е 18-ти со 19 бодови.