Foto/Starsport
Натпреварот помеѓу Чукарички и Спартак Суботица во Супер лигата на Србија го одбележаа два неверојатни погодоци и двата во режија на Лука Аџиќ.
Во текот на натпреварот, Аџиќ постигна два гола директно од корнер, првиот во 29., а вториот во 51. минута.
Дефинитивно гол од корнер е реткост на фудбалски натпревар, а два и тоа постигнати од еден фудбалер е раритет во светски рамки.
Инаку и покрај тоа што Чукарички со двата гола од корнер водеше 2:0, натпреварот заврши 2:2.