Ова не се случило во Серија А 5.836 дена


14408328.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Лацио хит во европскиот фудбал оваа сезона.


Серијата на тимот на Џенаро Гатузо продолжи и во неделата, кога Каљари беше поразен со 2:1 во Рим, а по поразот на Интер, во дербито против Милан (3:1), придонесе Лацио да остане сам на лидерската позиција.

Лацио има 28 бода, Интер со 25, Рома 24, Комо со 23 бода…

За прв пат, „Небесно сините“ се осамени на првото место на табелата по 5.836 дена.

Лацио стигна до деветтата победа во првите десет лигашки кола, а Џенаро Гатузо не сака неговите играчи прерано да почнат да размислуваат за борбата за Скудетото.

„Најдобро е да не ја гледаме табелата сега, бидејќи можеби ќе ни се заврти главата. Мораме напорно да работиме, да се одмориме, а потоа повторно да продолжиме со исто темпо“, рече Гатузо.

Тренерот на Лацио особено нагласи колку е важно да се зачува верата и единството, без кои, според него, тимот го губи она што го издвојува.

„Ова е тим кој верува во себе. Работиме, не се жалиме и не се откажуваме. Без тој дух, стануваме обичен тим“, рече Гатузо.

Во 11-то коло, тимот на Лацио се соочува со голем предизвик, бидејќи гостува кај Наполи во недела.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK