(Видео) Ен Несири му пресуди на Реал Сосиедад

32456.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Севилја го совладаа Реал Сосиедад со резултат 3:1 (2:1) во натпреварот од 27. коло на шпанската Ла Лига.


Јусуф Ен Несири го одбележа мечот на „Рамон Санчез Пишуан“, со два гола во раната фаза на натпреварот, во 11. и 13.минута,, кои го решија прашањето на победникот.

Сосиедад на крајот од првото полувреме да добие пенал, откако Серхио Рамос играше со рака.

Најстрогата казна ја искористи поранешниот играч на Севилја, Андре Силва.

Рамос се искупи во 66. минута кога погоди за 3:1 и, се покажа за клучна предност.

Сосиедад уште еднаш се закани во судиското надополнување, овој пат во вториот дел, бидејќи Брајс Мендес постигна гол од слободен удар во 92. минута.

Севилја скокна на 14. место на табелата со 27 освоени бодови, додека Сосиедад остана седми со 40 бодови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK