(Видео) Џирона не победи и остана без тренерот и двајца играчи пред мечот со Реал

Видео-Џирона-не-победи-и-остана-без-тренерот-и-двајца.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид вечерва го игра дербито со Атлетико, но како шо стојат работите ја стави едната рака на шампионскиот пехар. Џирона, која игра фантастично од почетокот на сезоната, синоќа одигра 0:0 со Реал Сосиедад и му ја препушти челната позиција на табелата. Во следното коло Џирона ќе му гостува на Реал во Мадрид.


Џирона против Сосиедад постигна гол во 24.минута, но ВАР го поништи голот. Мислењата во Шпанија се дека голот на Ерера бил регуларен.

Навивачите на „Монтоливи“, откако голот беше поништен започнаа да скандираа: „Вака Реал ги освојува титулите“.

И тука не завршија маките на Џирона. Судијата Хесус Хил Манзано, за кого се тврди дека е деклариран навивач на Реал, во финишот им подели жолти картони на рера и Дејли Блинд. Тоа за нив е петта јавна опомена што значи дека ќе го пропуштат дуелеот со Реал.

Исто така на клупата во Мадрид нема да седи тренерот Мичел Санчез, кој доби жолт картон.

„Протестирав со раширени раце, тоа се казнува со жолт картон, но не кажав ништо навредливо, ниту влегов на теренот. Лут сум затоа што не заслужив да бидам исклучен, а разочаран сум што ќе пропуштам два важни натпревари. Како тренер, тоа влијае на мене. Сакам да бидам покрај теренот, да ги чувствувам емоциите и страста на играчите, но сигурен сум дека моите колеги од стручниот штаб добро ќе ме заменат “, изјави Мичел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK