(Видео) Дуплантис (повторно) го собори сопствениот рекорд

009900-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Швеѓанецот Арманд Дуплантис продолжи да ги поместува границите во дисциплината скок со стап. Тој го собори сопствениот светски рекорд за еден сантиметар на митингот во Дијамантската лига во Ксианмен, Кина.


Новиот светски рекорд сега изнесува 6,24 метри, претходниот рекорд го постави лани во септември на митингот во Јуџин, САД.

„Прв пат се натпрварувам во Кина и одлично е вака да се започне сезоната на отворено“, изјави Дуплантис, кој натпреварувањето го започна на 5,62 метри.

Потоа скокна 5,82, па 6,00, а потоа го постави новиот светски рекорд.

„За да се постави светски рекорд, сè треба да биде на своето место. Сите работи се поклопија денеска. Дефинитивно по тој скок од 6.00 метри почувствував дека можам да направам нешто вакво. На овој начин се извадив за лошата сезона во сала, иако скокнав 6,10 во Глазгов. Ми требаше малку оган, сакав да си докажам дека можам подобро отколку тогаш“, рече Дуплантис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK