(Видео) Денвер го победи Сан Антонио – Јокиќ постигна 42 поени, Вембањама подели девет „банани“

332233.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во фото-финишот на маратонската трка за првото место во Западната конференција, актуелните шампиони, Денвер Нагетс против Сан Антонио ја забележаа 53.победа во сезоната. На шест натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната, Денвер се први на Западот пред Оклахома Сити Тандер и Минесота Тимбервулфс.

Со 42 поени, 16 скока и шест асистенции на Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победата 110:105. Нагетс ја забележаа 11. победа на последните 12 натпревари против Сан Антонио.

Јокиќ најдобро го следеше Арон Гордон со 23 поени, додека Мајкл Портер додаде 15. Во редовите на Сан Антонио двоцифрен учинок имаа седум играчи, а најефикасен беше Малачи Бренам со 24 поени.

Блескаше кај Сан Антонио, Виктор Вембањама со 23 поени, 15 скока, осум асистенции и девет блокади, од кои три беа над Јокиќ.

„Вечерва имаше околу 600 блокади, но ние победивме“, изјави по мечот Јокиќ, кој погоди со хорог за 103-103, а потоа изнуди уште едно промашување на Вембањама на другиот крај.

На Денвер Нагетс им помогна и резултатот од Филаделфија, каде Сиксерси славеа над Окалхома 109:105, па Денвер сега има натпревар повеќе и победа повеќе од Оклахома Сити Тандер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK