(Видео) Данска и Словенија одиграа без победник

12303902.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словенија и Данска одиграа без победник 1:1 (0:1) во првиот меч од Ц групата на Европското првенство. Ова е прв нерешен резултат на првенството и воедно прв натпревар на кој беа постигнати помалку од три гола.



Натпреварот на стадионот во Штутгарт, според квалитетот, беше најслаб од почетокот на турнирот. Данска доминираше и играше подбро во првиот дел, а Словенците издоминираа во последните 25 минути од натпреварот.

Данците во 17.минута ја одиграа најубавата акција на мечот, Винд му асистираше на Ериксен на кого не му беше тешко да го совлада Облак. Ериксен постигна гол на ЕП точно 1.100 дена откако доживеа срцев удар на последниот континентален турнир.

Словенците во првиот дел се определија да го бранат својот гол, ретки беа нивните напади, а Шпорар имаше шанса да постигне гол.

Клучниот момент на натпреарот се случи во 66.минута кога Облак го одбрани ударот на Хојлунд и спречи водство на Данска 2:0.

Од тој момент Словенците тргнаа во офанзива. Се редеа шансите пред голот на Шмајхел. Два пати не успеа Шпорар, Шешко со страотен удар од 25 метри ја погоди стативата, а во 77.минута изедначи Јанжа со мала помош на Јумланд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK