Фудбалерите на Барселона се пласираа во финалето на шпанскиот Суперкуп, со победата од 2:0 над Осасуна.
Головите во Ријад ги постигнаа Роберт Левандовски во 59. минута и Ламин Џамал во третата минута од судиското надополнување на времето во вториот дел.
Барселона не блескаше и на овој натпревар, но максимално ја искористи лошата форма и дефанзивната определба на Осасуна.
За трофејот, во недела, Барселона ќе игра против Реал.