(Видео) Арсенал и Манчестер сити го префрлија притисокот врз Ливерпул

download-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Арсенал ќе преноќат на првата позиција на табелата во Премиер лигата, а дали ќе останат таму ќе дознаеме во четврток по натпреварот помеѓу Ливерпул и Шефилд jунајтед. Со Ливерпул на табелата се изедначи Манчестер сити кој полесно од прогнозите ја победи Астон Вила со 4:1.

„Топчиите“ обезбедија рутинска победа од 2:0 над Лутон на „Емирати“ во 30. коло. Арсенал ја продолжи одлична серија во 2024 година.

Избраниците на Микел Артета забележаа девет победи и едно реми во последните десет натпревари во првенството и во преостанатите осум кола ќе се обидат да го прекинат дваесетгодишниот пост и да ја освојат првата титула по 2004 година.

Очекувано Арсенал доминираше и двата гола ги постигна во првото полувреме. Најпрвин во 24. минута капитенот Мартин Едегор ја круниса добрата акција на домашните со својот седми сезонски гол, а се беше решено на крајот од првиот дел од натпреварот кога јапонскиот дефанзивец Даики Хашиока во 44. минута си постигна авто-гол.

Мначестер сити предводен од Фил Фоден ја победи Астон Вила со 4:1. Серијата на „Етихад“ ја отвори Родри во 11.минута, а девет минути подцна изедначи Дуран. Во првата минута од судиското надополнување на времето Фоден им ја врати предноста на „граѓаните“.

Во вториот дел Фоден со головите во 62. и 69.минута го комплетираше хет-трикот.

Барем до утре Арсенал е лидер со 68 бодови е лидер, бод помалку имаат Ливерпул и Манчестер сити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK