Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига.
Фантастичен фудбалски натпревар одиграа шпанските великани на стадионот „Метрополитано“. Атлетико Мадрид имаше сè во свои раце и доживеа пораз.
Во првото полувреме, „Јорганџите“ ја „прегази“ Барселона и лесно можеша да постигне три гола, но не го сторија тоа и на крајот беа казнети.
Веднаш по почетниот удар, Атлетико ја нападна Барса и по само неколку минути Алварез промаши „мртва шанса“. По корнерот, Пубиљ ја погоди гредата. Две минути подоцна на спротивната страна ударот на Педри заврши во гредата.
Во 10-тата минута, Алварез се искупи и му асистираше на Симеоне за водство на Атлетико од 1:0 и голема радост на трибините на „Метрополитано“.
Атлетико продолжи да напаѓа и да промашува шанси, а Барселона се реши да ја котролира топката и да ја чека својаташанса.
Тие имаа само еден удар кон голот во првото полувреме, сè додека Фермин не го казни Атлетико во 45-тата минута, по несреќната и несмасна грешка на Пубиљ.
Второто полувреме започнува со уште една пропуштена шанса на Алварез, кој повторно не успеа да ја затресе мрежата, кога беше во ситуација „еден на еден“ со Гарсија. Барселона повторно успеа да го казни домаќинот.
Јамал му асистираше на Фермин, кој влезе зад одбраната на Атлетико и го совлада Облак во 67-мата минута од играта за пресврт на Барселона и водство од 2:1.
До крајот, Атлетико имаше една шанса да израмни, а Барселона да го зголеми водството, но резултатот не се менуваше.
Со овој триумф, Барселона се врати на врвот на шпанскиот фудбал и сега има 33 бода, три повеќе од второпласираниот Реал Мадрид и и пет од Атлетико.
Foto/ EPA