Видал го советува Алексис Санчез да го напушти Интер: Михтаријан игра повеќе од тебе

Видал-го-советува-Алексис-Санчез-да-го-напушти-Интер-Михтаријан.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Артуро Видал (36), не игра поради повреда, па времето го користи за да испрати остри коментари на актуелни фудбалски теми. Чилеанецот играше во Интер од 2020 до 2022, една од критиките е упатена кон неговиот поранешен клуб. Видал го советува соиграчот од репрезентацијата Алексис Санчез (35) да го напушти Интер.

Санчез сезонава има 14 настапи и два гола за тимот од Милано, а одигра 473 минути. Видал смета дека неговиот пријател Санчез треба повеќе да игра.

„Алексис, ако ме слушаш, те молам замини од Интер. Треба да заминеш во клуб каде што ќе може да уживаш во играта. Но тој нема да го направи тоа бидејќи е тврдоглав. Мхитарјан игра, а Алексис не… Би се убил само и да помислам на нешто такво“, рече Чилеанецот.

Санчез пристигна во Интер ова лето од Марсеј бесплатно, а веќе играше во Интер од 2019 до 2022 година.

Во својата кариера Санчез играше за Кобрело, Коло Коло, Удинезе, Ривер Плата, Барселона, Арсенал, Манчестер јунајтед, Марсеј и Интер. За репрезентацијата на Чиле има 160 настапи и 51 гол. Минатата година Видал настапуваше за бразилскиот Атлетико Паранаенсе, а претходно за Фламенго, Интер, Барселона, Баерн, Јувентус, Баер и Коло-Коло. За Чиле има 142 настапи и 34 гола.

Хенрих Мхитарјан (33) сезонава има 25 настапи за Интер, два гола и шест асистенции за 1.883 минути игра. Тренерот Симоне Инзаги го користи стандардно во средниот ред. Во својата кариера настапуваше за Сао Паоло, Пјуник, Металург Доњецк, Шахтјор, Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед, Арсенал и Рома. За ерменската репрезентација има 95 настапи и 32 гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK