Варан одбил понуда од Саудиска Арабија, преферира да остане на „Олд Трафорд“

Варан-одбил-понуда-од-Саудиска-Арабија-преферира-да-остане-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Французинот од Манчестер јунајтед, Рафаел Варан би можел да се пресели на Ал Итихад во зимскиот преоден рок, пренесуваат британските медиуми.

Варан во последните неколку месеци имаше проблеми со повреди, а оваа сезона одигра 14 натпревари и постигна еден гол.

Британските медиуми пренесуваат дека челниците на Манчестер јунајтед планираат да продадат најмалку седум фудбалери во следните два трансфер периоди, еден од нив е и Варан.

Фудбалскиот директор на Манчестер јунајтед, Џон Муртау, изминатите денови ги помина во Саудиска Арабија, каде наводно со неколку клубови преговарал околу трансферите на Варан, Џејдон Санчо, Касемиро и Антони Марсијал.

Британските медиуми истакнуваат дека Варан не ја отфрлил понудата од Ал Итихад, но преферира да замине од „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната. Тој наводно има и понуда да се врати во Реал каде би можел да го замени повредениот Давид Алаба.

Варан (30) во Манчестер Јунајтед пристигна во 2021 година од Реал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK