Ван Дајк ја призна вината, ќе прескокне уште еден натпревар

Ван-Дајк-ја-призна-вината-ќе-прескокне-уште-еден-натпревар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вирџил ван Дајк ќе пропушти уште еден натпревар. Холанѓанецот нема да биде во составот на Ливерпул против Вулверхемптон.



Холанѓанецот доби црвен картон на натпреварот со Њукасл, поради што не играше во наредната рунда против Астон Вила (3:0). Во меѓувреме доби уште еден натпревар суспензија, поради непримерна реакција кон судијата, кога беше исклучен против Њукасл.

„Дефанзивецот призна дека постапил на непримерен начин и употребил навредливи зборови кон судијата на натпреварот по исклучувањето“, се вели во соопштението на Фудбалската асоцијација на Англија.

Ван Дајк треба да плати и 100.000 фунти како казна.

По четири кола во Премиер лигата, Ливерпул има три победи и едно реми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK