Ваинио во женска и Петрос во машка европски шампиони во маратон


14219718.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На последниот ден од Европското првенство во Бирмингем, во утринската програма се одржаа маратонските трки во машка и женска конкуренција.


Финската атлетичарка Алиса Ваинио го освои златниот медал на маратонот на Европското првенство во Бирмингем.

Ваинио ја помина патеката од 42 километри и 195 метри за 2,22,26 часа, што е нов рекорд на континеталните шампионати.

Сребрениот медал го освои Лили Ана Виндич-Тот од Унгарија со време од 2:27,21 часа.

Бронзата и припадна на Британката Аби Донели со резултат 2,27,33.

Foto/ EPA

Во машка конкуренција победи Германецот Аманал Петрос. Тој ја помина патеката од 42,195 километри за 2:09,11 часа.

Среброто заврши околу вратот на Италијанецот Пјетро Рива, кој заостануваше седум секунди зад победникот, додека бронзата ја освои Израелецот Ајале со 2:09:21.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK